Политика за враќање на средства

Фирмата Промедиа ДОО Скопје, се обврзува да обезбеди фер и транспарентна политика за враќање на производите купени преку веб-сајтот www.tapeti.com.mk

Сите тапети изработени по димензија или по специјални барања на купувачот се сметаат за персонализирани производи и согласно Законот за заштита на потрошувачите, не подлежат на право на повлекување или враќање, освен ако производот е дефектен или оштетен при испорака. Купувачот е одговорен за точноста на внесените димензии и спецификации при нарачка.

Физичките слики кои не се персонализирани можат да бидат вратени во рок од 14 дена од приемот на пратката. Производот мора да биде неоштетен, во оригинална амбалажа и состојба како при прием. Купувачот е должен да ги извести продавачот за желбата за враќање веднаш по приемот, а најдоцна во рок од 14 дена. Трошоците за враќање ги сноси купувачот, освен ако не е поинаку договорено со продавачот.

Во случај на дефектен или оштетен производ при испорака, купувачот е должен да пријави веднаш или најдоцна во рок од 24 часа и да обезбеди фотографии како доказ. Продавачот ќе обезбеди замена или поврат на средства согласно договор со купувачот.

Сите барања за враќање или поврат на средства се обработуваат од страна на Промедиа ДОО Скопје, во согласност со законските прописи и внатрешните процедури на фирмата.

Фирмата го задржува правото да ги измени овие услови и ажурирањата ќе бидат објавени на оваа страница.

Последно ажурирање: 05-01-2026

Shopping Cart
Scroll to Top